Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ не сака криза во Македонија, сака само избори

Законот за јавно обвинителство го критикува цела експертска фела. ВМРО-ДПМНЕ е за квалитетен закон. Законот треба да се применува од јуни, зошто тогаш се брза. Причината за брзање е што СДСМ веќе нема да има двотретинско мнозинство, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во интервју за емисијата 360 степени на телевизија Алсат.
-ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа сите реформски закони, тогаш СДСМ не го отвораше овој зошто се потпираше на СЈО и Катица Јанева. И сега одеднаш го прават ова. ВМРО-ДПМНЕ не сака криза, сака само избори на 12 април, посочи Мисајловски.
Според него сега кога има толку индиции за криминал во власта, има случаи како Рекет 1, 2, 3 и сега за нив не треба да важни ништо.
– Сега има една цел, само да се спасат некои луѓе. Овој закон не се носи со европски вредности. Како тоа сега владата си носи ваков закон, како може тоа да го прави со една цел само да ги заштити некои луѓе да не одговараат за криминал, тоа е недозволиво, рече Мисајловски.
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
