Мисајловски: Нов пакет помош за Украина наскоро на владина седница
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денека потврди дека е подготвен нов пакет помош за Украина, кој наскоро треба да се најде на владина седница, што е обврска на земјата како членка на НАТО.
-Точно, има дополнителен пакет за помош кон Украина. Многу скоро ќе биде на седница на Влада, иако чека сите министри да добијат безбедносни сертификати бидејќи дел од овие информации се со доверлив карактер. Наскоро ќе се обзнани што дополнителна опрема ќе се дава. Но, таа опрема е од претходната што се давала, дел од тоа што останало дополнително да се предаде, рече Мисајловски прашан за новото украинско барање за помош пристигнато на НАТО Самитот во Вашингтон, дали тоа било разгледано со претседателката и врховен командант Гордана Сиљановска Давкова и со шефот на дипломатијата.
Мисајловски кажа дека е многу важно да се направи проценка на вредноста на донираната помош, што не било направено досега.
-Но, она што е многу важно да се направи, а не е направено во изминатите години, е целосна проценка на она што е дадено. Бидејќи согласно регулативата, ние треба секоја година да издвојуваме средства за помош на Украина, согласно тоа дека сме членка на НАТО, но немаме проценета вредност колку чини она што го даваме. Затоа важно е овој период да направиме проценка на сето она што сме го дале како земја бидејќи во овој момент сме петта земја контрибутор на донации и помош кон Украина и тоа ќе продолжи и во иднина. Тоа е многу важно и за Украина, а важно е и ние да покажеме дека сме стабилна членка на НАТО, рече Мисајловски.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Трамп целосно ја поддржува офанзивата на Израел во Газа
-
Сообраќајот се одвива по претежно суви коловози освен на осојничавите места
-
Зеленски: Путин се преправа дека сака мир, со поставување непотребни барања само ја продолжува војната
-
Мајнл-Рајзингер - Муцунски: Австрија стои до Северна Македонија во вонредни ситуации и на патот кон ЕУ
-
Почувствуван земјотрес со епицентар во Струмица
-
Одземени возила што биле користени во „диви“ трки во Скопје
-
МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови
-
Пронајдени околу 10.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар, лишено од слобода едно лице