Мисајловски: Ги цениме германската поддршка и партнерство во развојот на нашата Армија

Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево на Фејсбук информираше дека во Министерството за одбрана остварил средба со началникот на Генералштабот на германските вооружени сили, генералот Карстен Бројер, кој е во официјална посета на нашата држава.
- Разговаравме за нашата одбранбена соработка која се темели на доверба, заеднички вредности и посветеност кон колективната одбрана, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување и продлабочување. Германија е наш докажан пријател и сојузник и во моментов работиме на заеднички проекти кои се од особено значење за Македонската армија и за зајакнување на одбранбените способности. Особено ја цениме германската поддршка и партнерство во развојот на капацитетите на нашата Армија - пишува во објавата на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
