Мирна состојбата со морбили, препораки за спречување појава и ширење

Состојбата со морбили во државава е мирна, од почетокот на годинава се регистрирани девет случаи од кои само четири се епидемиолошки поврзани, соопшти Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по денешната редовна работна средба за состојбата со морбили во државава, соседството и во европскиот регион.
Следејќи ја состојбата со епидемии на морбили во соседните држави, со појава на смртни случаи, а имајќи ги предвид честите меѓународни патувања и комуникација, како и нискиот опфат со вакцинација против морбили во државата, Комисијата за заразни болести донела заклучоци, со цел спречување појава и ширење на морбилите во државава.
Препорачува службите за имунизација при здравствените домови да ги интензивираат активностите за проверка на евиденцијата и изнаоѓање невакцинирани или непотполно вакцинирани деца, со цел нивна вакцинација.
Здравствените работници, пак, да обрнат посебно внимание на исипните трески кај пациентите и доколку се посомневаат за морбили веднаш да пријават до надлежните служби.
На лицата кои патуваат во држави каде има активни епидемии на мали сипаници им се препорачува да го проверат својот вакцинален статус. Проверката за лицата од 12 месеци до 18 години треба да се направи во вакциналните служби, а за лицата на возраст од 19 до 45 години во центрите за јавно здравје. Доколку овие лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или немаат доказ за прележана болест соодветно ќе се вакцинираат.
- Препорака до родителите е навремено да ги вакцинираат своите деца, пред се поради заштита на нивното здравје, како и заштита на здравјето на најблиските и на пошироката заедница, соопшти Комисијата за заразни болести.
Ново на Сител
-

Над 60 дoмаќинства без покрив над глава по излевањето на Зајаска Река во Кичево
-

Доколку Радев стане премиер на Бугарија, се очекува уште позаострен дијалог со Македонија
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
