Мирна новогодишна ноќ во Ресен
Со музика од локалниот бенд „Андромеди“ и голем огномет на градскиот плоштад во Ресен на минус 10 степени синоќа беше испратена старата и пречекана Новата 2016 година.
Граѓаните си посакаа здравје, успех, љубов и среќа, а градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски на сите преспанчани им посака успешна и бериќетна година.
Весело и празнично беше и низ угостителските објекти, каде посебно помладите преспанчани со игра и песна ја пречекаа Новата 2016 година.
Претходно, пак, во текот на денот на градскиот плоштад во организација на Домот на култура, за најмладите се одржа предновогодишен хепенинг со настап на хорот „Преспански ѕвончиња“ и изведба на куклен театар. Во текот на хепенингот Дедо Мраз на дечињата им подели кондиторски производи.
За време на новогодишната прослава не беа забележани нарушувања на јавниот ред и мир, а немаше ни зголемен број интервенции од Итната медицинска помош или противпожарната единица во Ресен.
Ново на Сител
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо