Миризливите свеќи и освежувачите можат да бидат опасни за здравјето
Новите студии покажаа дека миризливите свеќи и освежувачите на воздухот можат да претставуваат сериозен ризик за здравјето на луѓето.
Ова не се однесува само на миризливите свеќи на кои им се додаваат ароматични масла, туки и на различни освежувачи (особено, оние кои се вклучувата во струја).
Бројни истражувања покажаа дека запалените миризливи свеќи испуштаат хемикалии како формалдехид и парафин, а долгорочното изложување на овие хемикалии го зголемува ризикот од развивање на бројни респираторни проблеми, кај децата и возрасните, па дури и рак на белите дробови.
Истражувачите од Центарот за радијација, хемикалии и опасноти на околината на организацијата „Public Health England“ во истражувањето дошле до заклучок дека одредени освежувачи на воздухот содржат одредени колични формалдехид, кои можат да доведат до развој на рак во носот и грлото.
Истражувачите откриле дека долготрајното користење на овие мириси може да доведе до развој на тумор, оштетување на белите дробови, астма и пореметување на хормонскиот баланс.
Организацијата „Women's Voices for the Earth“, пак смета дека овие производи влијаат на хормоналниот развој на бебињата. И не само тоа, хемикалиите од овие препарати можат да ја трансформираат ДНК структурата, а некои од нив можат да бида поштетни и од чадот од цигарите.
Ново на Сител
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица: Политички паразити
-
Судија ја суспендира одлуката на Трамп за укинување на правниот статус за 532.000 имигранти
-
Детектирана ХББ кај 28,5 отсто од 1.031 испитаник во државава
-
Маркетите од петок ќе ги објавуваат цените на интернет
-
Таравари: Доколку имало пропуст или грешка за пациентот од Кардиохирургија одговорност ќе има
-
Лавров: Не е лесно да се преговара за мирен договор за Украина со САД
-
Георгиев: Уставните измени само прв, но не и единствен услов за земјава
-
Ван Дајк: Мислам дека Ливерпул ќе биде способен да се бори за титулата и во годините што доаѓаат