Македонија
28. January 2018 - 16:26

Мирен протест во Битола против промена на името и Уставот

Под мотото ,,Доста е партија! Сите за Македонија,,на плоштаадод Магнолија во Битола се одржа мирен протест од кој беа испорачани шетири основни барања поврзани со актуелната надворешна политика на државата.од иницијативниот одбор најавија дека ваквите мирни протести ќе се организираат секоја недела точно напладне.

Се собравме на еден мирен и донстоинствен начин да кажеме НЕ за промена на името,Не за двојазичност на целата територија на Република Македонија.НЕ за референдум за било каква промена на уставот и НЕ за договорот со Бугарија се четирите  основни пораки на учесниците од мирниот протест на плоштадот Магнолија.Велат дека настапуваат под мотото ,,Доста е партија! Сите за Македонија затоа што сметале дека во последно време се врши засилена политичка трговија со овие четири точки.апелираат да се напуштат тие позиции.

Од иницијативниот одбор велат дека иницијативата на настанот започнала спонтано по социјалните мрежи последниве два дена.Велат ова го правиме затоа што се работи за нашата татковина и зад нас не стои ниту една политичка елита.

По Скопје, Битола е вториот град каде се организира мирен протест за оваа актуелна политичка состојва.Битолските иницијатори најавија дека тие ке продолжат со протестите во секоја недела точно напладне.