-->
-->
Мирен протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Велес
-->
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска во Велес организира мирен протест, кој започна пред споменикот на Панко Брашнаров во новиот дел на Велес, продолжи низ главната велешка улица „Благој Ѓорев“ се до Младинскиот парк.
Учесниците во програмата од сите возрасти мирно и достоинствено ја искажаа својата решеност да истраат во напорите за зачувување на унитарноста на Република Македонија, во одбрана на Уставот, името, грбот и знамето на државата.
Александар Кукулев новинар и публицист, од собирот порача дека не се против ниту еден етникум кој живее во Македонија.
- Но, ние сме против редефинирање на Македонија во бинационална држава. Ние немаме право да ги омаловажиме културните особености на Србите, Бошњаците, Ромите, Власите и сите останати наши сограѓани. Тука сме за да бидеме силно обединети, за Македонија унитарна заедничка држава на сите кои живеат во неа и единствениот модел кој има шанса и со кој може заеднички да зачекориме во иднината подобра за сите. Македонија е единствениот интерес на сите нејзини граѓани, затоа сме тука и ќе бидеме тука се додека е потребно, порача Кукулев.
Со свои стихови за Македонија настапи писателката Олга Навечева и КУД „Керамичар“ изведе македонски ора. Химната на Македонија ја отпеаја младите музички ѕвезди од Велес, Мики Секуловски и Орхидеја Дуковска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Два руски аеродрома прекинаа со работа по напади на украински дронови
-
Поголем дел од Скопје без вода, санацијата треба да заврши за најмногу 15 часа
-
Хуманитарни предновогодишни настани за децата на Детската клиника
-
Посебен режим на сообраќајот поради тридневна посета на претседателот на Големото национално собрание на Турција
-
Во Хрватска ден на жалост
-
Напад на божиќен пазар во Магдебург: Еден загинат и десетици повредени
-
Руски брод испрати аларми за помош во Керченскиот теснец поради недостиг на храна
-
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег