Мирен марш за правата на лицата со попреченост во Куманово

Лицата со попреченост, од дневниот центар „Порака Наша“, нивни родители, едукатори, ученици од повеќе училишта од Куманово, денеска маршираа во централното градско подрачје по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Тие преку мирниот марш побараа дополнителна поддршка, формирање мали групни домови во Куманово и покажаа дека не се категорија, туку, како што рекоа, дека имаат име и презиме, потреби и желби, препреки и соништа, услови и права.
„Порака Наша“ има Дневен центар како социјално-сервисна служба која опстојува 13 години со делумна финансиска поддршка од општина Куманово, бизнис заедницата и граѓани.
-Тоа не е решение, на корисниците им е потребно системско решение, поддршка од Министерството за труд и социјална политика, потребни се мали групни домови, бидејќи ние работиме со возрасни корисници, нивните родители веќе се постари и размислуваат што ќе се случи откако ќе ги нема. На Куманово му се неоходни мали групни домови со 24 часовна поддршка за овие лица-изјави Фросина Симоновска, дефектолог, едукатор во „Порака Наша“.
Општеството има задача и одговорност да се изгради систем со кој ќе се зајакнат капацитетите на сите граѓани во заедницата, посебно на лицата со попреченост, ќе се искористат нивните способности и ќе станат активни граѓани во заедницата, порачаа од „Порака Наша“.
Во Дневниот центар „Порака Наша“ услугите ги користат 21 лице со умерена и тешка интелектуална попреченост, петмина веќе немаат ниту еден родител или имаат само еден родител.
-Во наредните десет години Куманово ќе има предизвик, а со тоа и државата ќе биде ставена на тест на кој начин ќе излеземе во пресрет и ќе дадеме поддршка на нашите сограѓани, бидејќи сите сме дел од ова општество и да се обезбеди инклузијата за која сите зборуваме ќе мора да се се соочиме со предизивиците кои веќе ни престојат-изјави Симоновска.
Оваа година првпат се организира ваков мирен марш на кој лицата со попреченост ги побараа своите права.
Ново на Сител
-

Наум Додевски го извлече светиот крст од Крива Река, во Крива Паланка одржана и „Пивтијада 2026"
-

Во Штип на две локации во реката Брегалница беше положен светиот крст
-

Група од неколку лица со тврди предмети физички нападнале малолетник и снимале со мобилен телефон
-

Приведен 26-годишен кумановец, од седум патнички моторни возила одзел повеќе предмети
-

Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Милко Божиновски од Ростуше
-

Богојавление – Водици во Берово: Благој Дујовски прв до светиот крст
-

Христијан Бошевски најсреќен на Водици во Битола
-

Бојан Ѓеоргиевски најсреќен за Водици во Делчево
