МИОА: Во употреба сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор
Сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, која ја води.Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), денеска е официјално пуштен во употреба, соопшти Министерството кое на 12 февруари објави дека заклучно со тој ден вкупно 127.139 лица се вработени во институциите на јавниот сектор.
- Секој вработен во која било институција на јавниот сектор, освен вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање, за кои согласно со закон МИОА не води евиденција, туку само вкупен број на вработени, може да пристапи на веб-локацијата https://proverkaregistar.hrm.
Целта на сервисот, наведува МИОА во соопштението, е транспарентно и отчетно работење на Министерството, зголемување на довербата на јавноста во ефикасноста и ажурноста на Министерството да обезбеди точни податоци за бројот на вработени во јавниот сектор, како и отстранување на сите сомнежи и шпекулации за вкупниот број вработени во јавниот сектор.
Ново на Сител
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД
-
Вучиќ за утрешниот протест: Ќе помогнеме во обезбедувањето на собирот, но одговорноста е на организаторите