МИОА со нова веб страница достапна и за лицата со попреченост

Министерството за информатичко општество и администрација од денеска има нова веб страница, достапна и за лицата со попреченост.
- Продолжувме со реализација на мерки и активности кои се однесуваат на зголемена транспарентност и отчетност во работењето. На овој начин го подобруваме пристапот на граѓаните до сите информации поврзани со работата на Министерството, соопшти МИОА.
Покрај подобрување на визуелниот изглед и лесниот пристап до податоци, како што посочуваат од Министерството, ново на оваа веб страница е и исполнување на дел од стандардите за пристап до информации на лицата со попреченост.
За целосен пристап до сите информации објавени на веб страницата за лицата со посебни потреби, во тек е имплементација и на останатите меѓународно прифатени стандарди за пристап за лица со попреченост.
Содржините на новата веб страна на МИОА се преведени и на албански јазик, и паралелно сите содржини ќе се објавуваат и на македонски и на албански јазик.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
