Свет
16. December 2019 - 11:05

Минута молк за жртвите од вулканот во Нов Зеланд: Премиерката и граѓаните им оддадоа почит на загинатите

Новозеландската влада на чело со премиерката Џасинда Ардерн и граѓаните ширум Нов Зеланд со минута молч денеска им оддадоа почит на жртвите, точно недела дена по фаталната ерупција на вулкан на Белиот остров.

Официјалниот биланс на настраданите од ненадејната ерупција на Белиот остров засега е 16, а полицијата вложува напори да ги пронајде телата на уште две лица кои се водат како исчезнати.

Во болниците во Нов Зеланд и во Австралија се уште се згрижени 26 лица, многумина во критична состојба со тешки изгореници, пренесува Ројтерс.

Премиерката Џасинда Ардерн рече дека официјалната истрага за ерупцијата на вулканот би можела да потрае година дена, а потенцијалните виновници би можеле да добијат до пет години затвор.

 

Таа исто така најави средства од 3,2 милиони долари за да им се помогне на малите претпријатија погодени од ерупцијата.