Миновски нов директор на УЈП, Ѓоргоска-Илиевска на Агенцијата за филм

Кирил Миновски е назначен за нов директор на Управата за јавни приходи. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Горан Трајковски, кој заминува на друга функција.
Миновски е именуван за директор на УЈП на вчерашната владина седница, а доаѓа од позицијата директор на Државниот пазарен инспекторат.
- Можам да потврдам дека на вчерашната владина седница Кирил Миновски е именуван за нов директор на УЈП. На досегашниот директор Горан Трајковски му истече мандатот и ние сме благодарни за неговиот ангажман, за придонесот кој тој го имаше во реализацијата на владината програма, реформите кои ги спроведе и резултатите на институцијата која ја раководеше. Планирано е соработката со господин Трајковски да продолжи на друга одговорна функција, изјави портпаролот на Владата, Александар Георгиев.
За нов в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат е назначен Виктор Дерменџиев.
На вчерашната владина седница Мими Ѓоргоска Илиевска е именувана за директор на Агенцијата за филм, потврди за МИА Александар Ѓорѓиев, портпарол на Владата.
- Таа досега беше директор на Кинотеката на Македонија, има огромно искуство во областа, член на бордот на директори на Светската федерација на филмски архиви и е македонски претставник во Еуроимаж, вели Ѓорѓиев.
Ѓоргоска-Илиевска доаѓа на позицијата на досегашниот директор на Агенцијата за филм Дарко Башевски на кого му истече мандатот на оваа позиција.
- Башевски постигна позитивни резултати и придонесе во поддршката на македонската филмска кинематографија каде што во изминатиот период се подржаа поголем број домашни играни, кратки, анимирани и документарни филмови, додаде владиниот портпарол.
На испразнетата позиција во Кинотеката на Македонија, Министерството за култура треба да назначи нов директор.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги достави петте кандидати за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители
-

ССМ од 10 февруари почнува со блокади
-

Случај „Онкологија 2“: ФЗО плаќал за лекови без спроведени постапки и без фактури, одбраната бара укинување на притворот за Васев и Нухи
-

Усвоен извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување од 1 јули до 31 декември 2025 година
-

Зафировски: Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите и во интерес на нашите граѓани
-

Автобус во движење изгоре на автопат кај Солун
-

Николоски: Потребно е ЕК да имплементира мерки кои ќе обезбедат непречена работа на транспортните компании
-

Млин приклучен на трафостаница копал биткоини во Бутел, сметката 260.000 евра
