Миноски: Нови 72 милиони евра за малите и средните бизниси
Нови 72 милиони евра за ефтини кредити за малите и средни претпријатија преку Европската банка за обнова и развој, најави министерот за финансии Кирил Миноски, кој учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон.
Станува збор за програма на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која се однесува на поддршка на земјите од Западен Балкан во вкупен износ од 360 милиони евра, од кои Македонија има право на користење на 20 отсто од Фондот.
- Македонија веќе ја испрати апликацијата - акциониот план до Бордот на ЕБОР. Со оваа програма се решава еден дел од корпусот на прашања кои се поврзани со пристапот до финансии, кои се многу значајни за приватниот сектор врз кој почива македонската и речиси сите економии во светот, изјави Миноски.
Ефтините кредити за малите и средните претпријатија ќе се нудат во домашна валута, преку комерцијалните банки, директно преку ЕБОР или со кофинансирање 50-50 проценти ЕБОР со банките. Каматната стапка е повластена од 4 до 5 проценти.
За средствата од оваа програма ЕБОР не бара договор за заем или државна гаранција.
Ефтини кредити за малите и средни претпријатија во Македонија беа пласирани и преку кредитната линија на ЕИБ во износ од 350 милиони евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Боби Бојчевски, координатор за здравство на КСОМ
-
Владата и банките ќе ги продолжат преговорите за каматата од унгарскиот кредит за фирмите
-
СДСМ: Владата ги зголемува непродуктивните трошоци - Мицкоски: Сите капитални инвестиции ќе се завршат
-
Предвремено родените бебиња се мали херои за вработените на Гинекологија!
-
Раната детекција клучна за карциномот
-
Петровска: Немам амбиција да сум дел од раководството на СДСМ
-
Што ги тера возачите да дивеат на улиците?
-
Наколната населба во Дојран една од најбогатите и најразвиени на Балканот