Министрите за надворешни работи на В4 и земји од ЕУ на состанок за миграцијата во Прага
Министрите за надворешни работи на Вишеградската група (В4) - Чешка, Словачка, Полска и Унгарија, како и на Луксембург и други земји на Европската унија, денеска во Прага ќе разговараат за решенија на бегалската криза.
Се очекува една од темите да бидат задолжителните квоти за прифаќање на бегалци, кои ги предлага Европската комисија, со поддршка од Германија и други земји од Западна Европа, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град.
Чешка и другите земји од Вишеградската четворка ги одбиваат квотите.
Според портпаролката на Министерството за надворешни работи, Михаела Лагронова, денешниот состанок е работен и координативен и не се очекува единствен став или заедничка декларација.
Полските претставници изјавија дека целта на средбата е да се доближи позицијата по ова прашање пред вонредниот Самит во Брисел в среда каде ќе се разговара и за бегалските квоти.
Чешка го одбива планот на ЕК за задолжителна итна прераспределба на 120.000 баратели на азил од три земји на ЕУ кои се соочуваат со најголем бран на мигранти.
При одлучувањето за квотите, може да се случи дека Чешка и другите противници на предлогот да бидат надгласани. Вицепремиерот Павел Бјелобрадек не ја исклучи можноста во тој случај земјата да се обрати на европските судови.
Чешката Влада тврди дека земјата не е посакувана дестинација за бегалците и мигрантите и ќе биде тешко тие да бидат задржани во Чешка во случај на прераспределба.
Чешка предлага подобра контрола на границите во рамки на ЕУ, а со тоа и подобро регулирање на приливот на бегалци. Министерот за одбрана на Мартин Стропницки, во неделата рече дека земјите од В4 можат на унгарските граници да изградат засолниште за бегалците каде тие би биле регистрирани пред влезот во Шенген зоната.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот