Министрите од еврозоната постигнаа договор за помошта за Грција

Министрите за финансии од еврозоната рано утринава постигнаа договор што на Грција ќе и дозволи пристап до нова транша од спасувачката финансиска помош, информираа дипломати.
Деталите за договорот, до кој се дојде по 11-часовни тензични преговори во Брисел, не беа веднаш соопштени, но тој во себе го вклучи напредокот за особено деликатното прашање за олеснување на грчкиот долг, забележа ДПА.
- Министрите се договорија со Грција и Меѓународниот монетарен фонд за спогодба што ќе одговори на молбите на Атина за олеснување на долгот, информира францускиот министер за финансии Мишел Сапен.
- Оваа спогодба е акт на доверба кон денешна Грција, рече тој пред репортерите во Брисел во раните утрински часови.
Сапен, меѓутоа, не откри детали од спогодбата, но подвлече дека таа е сеопфатна и вклучува краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.
И Јерун Дејселблум, претседателот на Еврогрупата, ја потврди намерата да се реструктурира дел од грчкиот долг, јави ТАСС.
Според него, Еврогрупата ја потврди својата намера да спроведе реструктурирање на дел од грчкиот долг. Еврогрупата се спогоди да го оцени нивото на одржливост на долгот врз основа на основното сценарио, во кое потребите на Грција за финансиска помош ќе претставуваат до 20 проценти од нејзиното БДП по завршувањето на програмата за макрофинансиска помош (во 2018 година.).с
Ново на Сител
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
-

38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа во Скопје
-

Возеле со над 150 км/ч, а полицаец им „прогледал низ прсти“ – кривична пријава затоа што ги поштедил од казни од 300 евра
-

Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер
-

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња
