Македонија
19. January 2019 - 16:18

Министрите контра Заев - сакаме предвремени избори на пролет

Министрите од редовите на СДСМ се погласно застануваат зад идејата да има предвремени парламентанри избори заедно со претседателските.  Министерката за правда Рената Дескоска и министерот за администација и информатичко општество Дамјан Манчевски јавно прозбореа за тоа дека владејачката партија сепак размислува на предвмрено граѓанско изјаснување на пролет.

Досегашниот став на Владата беше дека сега е време извршната власт да се посвети на економијата и реформите, иако премиерот Зоран Заев призна дека има разногласие во СДСМ за тоа дали се потребни предвремени избори или не.

Дескоска во телевизиско интервју коментираше дека изборите се потребни со цел СДСМ да ги верифицира и полесно да ги спроведе најавените политики.

:„Јас искрено мислам дека треба да има, но тоа е прашање на крај на политичка одлука и анализа во рамките на органите, но јас ќе ја застапувам страната дека треба да се оди на парламентарни избори, заради тоа што одредени политики коишто реално ги промовиравме во изминатиот период и одредени прашања којшто ќе треба да ги решаваме, би било добро да бидеме со, на некој начин, почисти позиции во рамки на парламентот“, вели Рената Дескоска 

Манчевски пак, открива дека во текот на следната недела органите на СДСМ ќе ја донесат одлуката дали да го прифатат барањето на опозцијата за нови избори.

 „Избори секако ќе има и не мислам дека премногу ќе игра големо влијание на реформските процеси дали се двојни избори или се работи само за претседателски избори “, Манчевски 

Спротивно на Дескоска и Манчевски, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека предвремени парламентарни негативно ќе влијаат на економијата.  Во интервју за МИА тој објаснува дека во предизборието забавува целата администрација.

 „Пред секои избори секој инвеститор не знае што ќе се случи по изборите и секој вика „кога има избори и кога знам дека нема да има стабилна ситуација во следниот период, да почекаме да видиме што ќе се случи и после ќе ги носам одлуките за инвестиции“. Колку и да не сакаме во мала држава политичките влијанија и  амбиентот што се создава многу влијаат врз економските апекти. Така што, кратко кажано, сите избори негативно влијаат врз економијата“, коменитра Анѓушев.

И владиниот партнер ДУИ смета дека не е време за нови избори.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на година, по уставните измени согласно Договорот од Преспа, како свое политичко барање ги испорача токму предвремените избори.

- „Бараме  парламентарни предвремени избори и не само што бараме туку и инсистираме на истите. Впрочем  ако ги видиме изјавите на власта и доколку навистина сакаат да имаме економска година во 2019, единствено што може некој да го овозможи тоа е токму ВМРО-ДПМНЕ и токму затоа инсистираме на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските и тоа што е можно побрзо да се објави, бидејќи доколку до 21 јануари го распуштиме Собранието, тогаш има време да се организираат заедно со претседателските“, вели Јанушев, генерален секретар на ВМРО - ДПМНЕ.

Според најавите, претседателските избори се планираат за 21 април и 5 мај. Тие според роковите треба да распишат најдоцна до 8 февруари.