Министерството за финансии ја објави новата среднорочна стратегија | Сител Телевизија
Бизнис
24. May 2018 - 19:36

Министерството за финансии ја објави новата среднорочна стратегија

Прогресивниот персоналец ќе ја дополни државната каса со близу 30 милиони евра. Ова го проектира Министерството за финансии во Среднорочната стратегија објавена вчера. 

Сепак уште е неизвесно колкав ќе биде прагот на оданочување.  Најверојатно ќе се знае до септември кога ќе почнат и дебатите околу границата.

Финансиерите планираат до 2021 стапката на невработеност да се намали на 18,5%. Да се интензивираат странските и домашните инвестиции како резултат на политичката стабилност и враќањето на довербата. Истовремено позитивни ефекти треба да дадат и владините мерки. Извозот е предвидено да забележи реален раст од 8,8% во просек. Ова  се должи на предвидувањата за зголемување на извозниот потенцијал на земјата,

Во Стартегијата стои дека државата постепено ќе го стеснува  буџетскиот дефицит. Од проектираните 2,7 % годинава на 2 отсто од БДП 2021.

Според проекциите ќе се зголемува и јавниот долг во следните три години. Во 2020 ќе стаса до 54,8 отсто од БДП. Но од финансии сметаат дека ќе се задржи во одржливи рамки и нема да се наруши фискалната одржливост.