Македонија
26. January 2021 - 17:01

Министерството за економија најавува промени во правилата за увоз на поволни автомобили

Државата планира годинава да го забрани увозот на возила под ЕУРО 5 стандард, најави министерот за економија Бектеши. Посочи дека со министерството за животна средина веќе имале дискусии за  зголемување на стандардот. Ова според него  ќе помогне да се намали загадувањето но и да се поднови возниот парк во земјава.

Увозниците на автомобили пак велат дека ваквата одлука воопшто нема да им одговара. Возилата со еуро 5 стандард се поскапи и ќе треба да вложат повеќе пари за да ги донесат, а не се сигурни дека ќе ги продадат. Појаснуваат дека во земјава најголем интерес има  за возилата до 3 000 евра а еуро 5 се движат од 3, 500 па нагоре.

Увозниците на автомобили велат дека ако оваа најава се реализира силно ќе го погоди бизнисот. Ќе им се преполови работата а може и да затворат бидејќи со ова пазарот ќе ги загуби најпродаваните автомобили.

Во моментов не е можен увоз на возила со еколошки стандард понизок од евростандард 4. Податоците од царина покажуваат дека лани бројот на увезени половни автомобили значително се намалил споредено со претходните години. Во 2020 биле увезени близу 23.900 половни автомобили, додека  2019 бројката изнесувала близу 38.600.