Министерство за здравство на Црна Гора: Нема докази дека смртта на пациентот е поврзана со Астра Зенека
Министерството за здравство на Црна Гора соопшти дека во земјата продолжува вакцинацијата со вакцината на Астра Зенека и оти нема докази дека причината за смртта на еден осумдесетгодишник е вакцината што ја примил претходниот ден.
Комисијата за анализа на несакани ефекти по вакцинирање при Институтот за јавно здравје ја испитува можноста за поврзаност на смртта на 80-годишен пациент со бројни здравствени ризици и придружни болести кои можеле да резултираат со нагла и ненадејна смрт, со вакцинација со Астра Зенека.
Како што е наведено, „засега нема никаква поврзаност со вакцинацијата и додека не се докаже јасна поврзаност, вакцинацијата продолжува“.
Во соопштението од Министерството се додава дека Комисијата на Институтот за јавно здравје смета дека имунизацијата треба да продолжи имајќи ги предвид сите моментално достапни податоци, како и фактот дека откажувањето на програмата би претставувало потенцијален поголем ризик за здравјето на невакцинираните лица поради можно заболување со Ковид-19.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп