Балкан
20. јуни 2020 - 13:28

Министерство за миграција на Грција: Земјата е штит на солидарност во Источниот Медитеран

Во последните години, Грција се најде во центарот на мигрантската криза, со диспропорционален товар, а земјата секогаш, доследно ги почитува меѓународните обврски, порачуваат од Министерството за миграција и азил на Грција по повод 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, јави дописничката на МИА од Атина.

Велат дека земјата ја штити источната граница на Европа, а за мигрантските бранови обезбедува гостопримството и достоинството.

-Ги гарантира правата на вистински прогонетите. Но, пред сè, функционира како штит на солидарност во Источниот Медитеран. Сепак, покрај обврските, нашата земја има и права. Решително да ги заштити своите граници. Да се ​​подигне ѕид  на човештвото против инструментализацијата на болката и несреќата, пишува во пораката од Министерството.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, преку неговиот официјален „Твитер“ профил рече дека Грција има должност да кон човековите права, но и кон нејзината национална безбедност.

-Светскиот ден на бегалците ја нагласува обврската за меѓународна солидарност кон бегалците кои се принудени да ги напуштат нивните домови и земји. Грција, границата на Европа, ја извршува нејзината должност почитувајќи го правото, човековите права, но и нејзината национална безбедност, напиша Кумуцакос.