Министерски состанок за интегрирањето на Ромите во рамки на процесот на проширување на ЕУ
Министерство за труд и социјална политика денеска е домаќин на годишен министерски состанок, четврти по усвојувањето на Декларацијата на партнерите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во рамките на процесот на проширување на ЕУ - Познањска декларација.
Земји учеснички, покрај Република Северна Македонија, се и Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.
-Целта е да се оцени напредокот постигнат во изминатите 12 месеци, да се идентификуваат преостанатите предизвици и да се разговара за конкретни чекори на коишто треба да се даде приоритет во наредната година, соопшти МТСП.
Состанокот со поздравни обраќања ќе го отворат министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, евроамбасадорот Дејвид Гир и Жељко Јовановиќ, директор на Канцеларијата Ромски иницијативи, а најавени се и видеообраќања на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и Ана Лирман, државен министер на Германија за Европа и клима.
По завршувањето на настанот предвидена е прес-конференција на која ќе бидат истакнати заклучоците од состанокот.
Ново на Сител
-

Кочоска: Формализирање на неформалната економија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Го заштитивме растот на платите
-

Вечерва во Струмица започнуваат карневалските свечености
-

Изјава за медиумите на премиерот Мицкоски
-

Преглед на вестите од светот
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
