Министерската средба на еврогрупата заврши без договор за Грција

Средбата на министрите за финансии од еврозоната заврши без договор за Грција, што треба да биде постигнат на самитот на високо ниво на еврозоната, изјави нејзиниот претседател Јерун Дејселблум, пренесува ТАСС.
Подготвивме текст со предлог за средбата, остануваат неколку неусогласени делови, за кои треба да се произнесат шефовите на држави и влади, истакна тој.
Според белгискиот министер за финансии одлуката за поддршка на Грција е усогласена 90 проценти, а останатото ќе биде направено на средбата на високо ниво.
- Идентификувавме план за Грција, многу амбициозен проект, што треба да биде потврден на средбата на високо ниво. Тој вклучува закони што Грција треба да ги усвои до 14 јули. На второ место се услови и прелиминарни активности што Грција треба да ги преземе. На трето место усогласувме четири насоки за реформи. Сите треба да бидат усвоени од владата и парламентот на Грција, изјави министерот за финансии на Финска Александер Стуб.
Министерот за финансии на Луксембург нагласи дека на преговарачката маса остануваат и двете варијанти за Грција, а тоа е прифаќање помош и задржување во еврозоната и другата, излез од еврозоната и банкрот.
Евентуалната нова спасувачка програма за Грција се проценува на 82-86 милијарди евра.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас се очекува да има разговори со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на маргините на самитот на еврозоната вечерва во Брисел.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
