Министерот за странски инвестиции Елвин Хасан ја посети фабриката „Joyson Safety System”

Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан ја посети фабриката „Joyson Safety System” (претходно Key Safety System” (KSS) – странска компанија што од 2014 година почна со работа во ТИРЗ во Кичево.
„Joyson Safety System” е светски лидер во дизајнот, развојот и производството на воздушни перничиња, волан и сигурносни појаси.
Министерот Хасан оствари средба со финансискиот директор Владимир Стефаноски, кој одблиску го запозна со тековното работење на фабриката, производниот капацитет, работните услови и идните цели и планови на компанијата.
Како што соопшти кабинетот на министерот, тој во своите работни посети и активности ги вклучи и општина Долнени и општина Македонски Брод каде што оствари средба со градоначалниците Џемил Ќамили и Живко Силјаноски.
-На состаноците се разговараше за тековните активности, актуелната ситуација и развојот и унапредувањето во сите сфери, особено во сферата на инвестиции во која ќе бидат во тесна соработка. Министерот Хасан на средбите ги презентираше новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции кои Владата ги донесе со цел подобрување на условите за инвестирање, подобрување на економската клима и привлекување нови странски инвестиции, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
