Министерот за правда на САД ќе ја смени одлуката за легализација на марихуаната
Министерот за правда на САД Џеф Сешанс планира да ја промени политиката од времето на претходниот американски претседател Барак Обама, која овозможи легализација на марихуаната во повеќе сојузни држави.
Сешанс, во сојузните држави кои ја легализираа марихуаната, ќе им дозволи на федералните обвинители сами да одлучат колку строго ќе го спроведуваат федералниот закон за забрана на марихуаната.
Тоа најверојатно ќе предизвика конфузија, бидејќи нема да биде јасно дали е легално да се одгледува, купува и користи марихуаната во сојузните држави кои тоа го дозволиле, а федералниот закон го забранува.
Во Калифорнија има легална продажба на марихуана во „рекреативни цели“.
Според анкетите, поголемиот број Американци сметаат дека марихуаната треба да биде легална.
Сешанс претходно марихуаната ја спореди со хероинот и смета дека предизвикува насилство.
Ново на Сител
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен