Министерот за образование се надева дека СОНК ќе се откаже од најавата за штрајк и учебната година ќе почне навреме

Адеми порача дека МОН останува отворено за конструктивни преговори со синдикатот и смета дека покачувањата за една година кои ќе резултираат во септември со 10.8 проценти повисоки плати е нешто што се нема случено години наназад.
-Лани ја покачивме платата за 5 проценти. Во септември уште 5 проценти. Ќе има ново покачување но не можам да кажам уште сега кога ќе се случи тоа бидејќи треба да ги почекаме проекциите за следната буџетска година. Остануваме отворени за дијалог. Искрено се надевам и посакувам СОНК како наши пријатели со кои добро соработуваме до сега, да се откажат од најавата за штрајк на втори септември, изјави Адеми.
Новиот закон за наставници според министерот, дополнително ќе ја подобри улогата на сите наставници кои ќе имаат можност за напредување.
Следна средба помеѓу МОН и СОНК се очекува оваа недела.
Ново на Сител
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
-

Вчера во прилепската болница е примено новороденче старо 8 дена без знаци на живот
-

Safe City и официјално стартува од 1 февруари - Ќе има и праг на толеранција
