Министерот за образование ги одзеде надлежностите без одлука од второстепената комисија

Гостиварската локална власт е незадоволна од последната одлука на државниот просветен инспекторат и посочува дека последното одземање на ингеренциите во делот на образованието не во склад со законските прописи. Од општината посочуваат дека за ист случај дале две различни упатства. Градоначалникот Арбен Таравари смета дека станува збор за политички реваншизам.
– Против мене се министерот за образование кој не се знае како ја добил дипломата и премиерот кој знае само да прави пазари. Им предложив да ги одземат ингеренциите на четири години и да ги дадат на ДУИ. Вака се изморени децата од овие случувања, рече Таравари и нагласи дека не очекува заштита од судските власти иако веќе покренале неколку постапки.
Шкеќим Весели од правната служба на денешната прес конференција министерот за образование му ги одзел надлежностите на градоначалникот без да има одлука од второстепената комисија како надлежен орган.
– Министерот за образование му ги одзеде надлежностите на градоначалникот без да има одлука од второстепената комисија како надлежен орган. Потоа, имаме одлуки на второстепената комисија кои се идентични со првото решение со кое се одземаат надлежностите. Тука се нагласува дека градоначалникот не е ниту првостепено, ниту второстепено тело, ниту орган кој може да врши контрола. Јавно ги прашуваме овие институционален орган е тогаш градоначалникот?, рече Весели и нагласи дека целата постапка била забрзана од страна на Државниот просветен инспекторат за да се стигне до политичката цел, да му се одземат овластувањата на градоначалникот.
Имено, во изминатиот период во два наврати на градоначалникот на Гостивар му се одземаат надлежностите во делот на назначување и разрешување на директори.
Непосредно по локалните избори, актуелниот градоначалник ги смени раководните органи на училиштата и назначи „в.д. директори“. Во ноември 2017 година министерството за образование и наука (МОН) му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на општина Гостивар и ги врати на работа старите кадри.
Ингеренциите во делот на назначување и разрешување на директори во училиштата, по девет месеци повторно беа вратени на Општина Гостивар. Откако назначи директори, на Таравари повторно му беа одземени ингеренциите.
Градоначалникот Таравари во средбите со странските амбасадори го истакнал овој проблеми бидејќи како што рече не очекува правдата да исплива, кога во правосудниот систем има луѓе кои се лојални на ДУИ и ги штитат нивните функционери.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
