Министерот Спасовски во Струга, честитка по повод празникот Богојавление - Водици
Министерот за внатрешни работи Спасовски по повод празникот Богојавление – Водици лично и во име на МВР упати честитка за добро здравје, радост и благосостојба.

– Во чест на крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, денеска сведочиме за една од темелните свети тајни на црквата – крштевањето, како духовно раѓање, како почеток на човековото живеење во верата. А духовното раѓање е можно само со чистата искрена вера во Бога, во Божјата љубов. Овој голем христијански празник е уште еден потсетник на христијанските вредности по кои треба да се водиме – добрина, разбирање, проштевање, хуманост и љубов, вели во честитката Спасовски.

Токму тоа, се подвлекува, е благородната поука – нека водите Богојавленски прочистат сѐ, нека обноват сѐ и со чиста мисла, искрена љубов и силна вера да се обединиме во општохуманите вредности за меѓусебна почит и подадена рака.

– Новиот почеток да тргне од нас самите. Со Великиот водосвет, Господ нека благослови со љубов, вера и утеха, нека ни даде сила несебично да одговориме на нашите обврски за добросостојба, хармонија, мир и просперитет во државата во којашто сите живееме, а нашите граѓани да бидат благословени со благодатни дарови на здравје, спокој и разбирање, нагласува во честитката Спасовски.
Ново на Сител
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
