Македонија
18. July 2015 - 17:00

Министерот Спасов ги посети децата што летуваат бесплатно во летувалиштето ,,25 мај‘‘ во Струга

И оваа сезона вкупно 2000 деца од семејства со социјален ризик ќе одмараат во струшкото одморалиште Мајски цвет.

Министерот Спасов заедно со пратениците од Струга ги посетија децата од петата група кои се дел од проектот на Владата за бесплатен летен одмор .

Објектот во текот на изминатиот период е адаптиран за да им овозможи удобен одмор на младите.

Младите летувалци велат дека уживаат во седумдневниот престој на брегот на езерото пливајќи и дружејќи се меѓусебе.

Спасителите од Црвениот крст во Струга се грижат  за нивната безбедност на плажа и сите оние кои не знаат да пливаат да им помогнат да научат.

Проектот на владата за бесплатен летен и зимски одмор за децата од семејствата во социјален ризик се реализира од 2012 година и досега оваа поволност заклучно со годинава ќе ја имаат искористено 11.000 деца.