Министерот Шапуриќ посети неколку компании во Кочани
Министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ посети повеќе компании во Кочани, помеѓу кои текстилните компании „ИНТ“ фешн груп и „Данитекс“, како и фабрика за производство на стиропор и изолациски материјали „Хипотерм“, печатницата „Рики Јуниор“ и „Балканографик“, со чии менаџменти разговараше за нивното работење, плановите, но и за проблемите со кои се соочуваат, соопштија денеска од неговиот кабинет.
Министерот Шапуриќ, разговараше со менаџментот на овие компании и ги разгледа нивните производни погони. За време на разговорите министерот беше запознат со нивното тековно работење, за нивните планови за воведување на нови технологии, развој, напорите за освојување на нови пазари… Тие, исто така, го запознаа Шапуриќ со проблемите со кои се сретнуваат во нивното тековно работење, особено со недостиг на квалификувани работници и инженери.
Во текстилната компанијата „Данитекс“ која воедно минатата година потпиша Договор за финансиска поддршка со Владата на Република Северна Македонија, беше истакато задоволство за можноста да го користат овој бенефит и дека очекуваат во наредниот период таа да биде поттик за нови инвестиции, зголемување на конкурентност и освојување на нови пазари. Во разговорите беше потенцирано дека сите овие компании редовно исплаќаат плати на вработените и редовно ги подмируваат сите обврски.
Шапуриќ го запозна менаџментот на овие компании со мерките од Планот за економски раст на Владата на Република Северна Македонија, според кои од минатата година покрај странските инвеститори и домашните инвеститори добиваат поддршка од државата, како и со измените на Законот за финасиска поддршка на инвестици, кои произлегоа од потребите изразени од страна на компаниите на ваквиот тип на посети. Исто така, министерот изрази отвореност за понатамошна соработка со секоја компанија која има некаков предлог за подобрување на мерките.
Ново на Сител
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната
-
Македонија има визија за Вештачка интелигенција, но само декларативно
-
Алиу тврди дека одлуката за одземање на ингеренциите за лиценци на Стоматолошката комора е аргументирана
-
Хронично болни и онколошки пациенти меѓу вработените во Флораком кои два месеца немаат плата и здравство
-
СДСМ: Нов скандал во националната агенција Еразмус