Министерот Нухиу во посета на селото Врбјани

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска беше во посета на селото Врбјани во општина Ростуше, во рамките на проектот „Како сте?“, кој има за цел да ја приближи полицијата до граѓаните.
На средбите со граѓаните, министерот Нухиу, како што соопшти МВР, им објаснил дека полицијата е сервис на граѓаните и дека тие во секое време можат да се обратат до МВР.
- Дојдов лично за да ве информирам дека полицијата е на располагање во секое време за вашите потреби и вие можете слободно да ни се обратите за работи кои се во наша надлежност. Бидејќи дел од граѓаните се интересираат за изработката на личните документи, сакам да ве информирам дека имаме и мобилни екипи за фотографирање за изработка на документи и тие ви стојат на располагање, рече министерот Нухиу на средбите со жителите на Врбјани.
Граѓаните изразиле благодарност за посетата и истакнале дека имаат добра соработка со полицијата која се надеваат дека ќе продолжи.
Ново на Сител
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
-

ВМРО-ДПМНЕ: ДДВ за горивата се намалува на 10%, граѓаните заштедуваат 1,5 милиони евра неделно
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
