Македонија
28. August 2015 - 8:54

Министерот Незири во посета на рудникот Бучим

Министерот за економија Беким Незири по повод Денот на рударите - 28 Август, денеска ќе присуствува на централната прослава што ќе се одржи во рудникот Бучим, во Радовиш.

Како што соопшти Министерството за економија, министерот Незири ќе се обрати на свеченоста и ќе им врачи плакети на најуспешните рудари во Македонија за изминатата година.