-->
-->
Министерот Мисајловски направи увид во градежните работи на клучката на влезот во Кочани
-->
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојановски денеска направија обиколка на градежните работи и на асфалтирањето на клучката на влезот во Кочани од Подлошка раскрсница до хотел „Национал“ во градот.
- Се работи за рехабилитација и асфалтирање на делницата од влезот во Кочани во должина од 1.200 метри во вкупна вредност од 8,5 милиони денари. Работите целосно ги изведува „Македонија пат“, изјави Мисајловски.
Тој информира дека денеска е распишан тендерот за изградба на патот Кочани-Делчево, во должина од 30 километри, во вкупна вредност од 10 милиони евра. Со изградбата на овој патен правец, истакна, ќе започнеме кон крајот на годината.
Мисајловски информираше и за започнатите нови инвестиции во делот на патната инфраструктура.
- Ќе започнеме со изградбата на патните делници од Штип до Радовиш и од Штип до Кочани. До крајот на годината очекувам да заврши постапката за распишување на тендерот за градба и во првата половина од 2016 година ќе започнеме со градба, рече министерот Мисајловски и додаде оти се гради и делницата Велес-Кадрифаково, автопатот Миладиновци - Штип.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски најави реконструкција и асфалтирање на патниот правец од Кочани до Пониква за наредната година.
На новинарско прашање до каде е постапката за осветлување на клучките во Кочанско, директорот Стојановски истакна дека во кочанско-виничкиот регион целосно се осветлени клучките кај Оризари и за влез во Виница од магистралниот пат Кочани- Делчево.
- Останува да се осветлки клучката кај Кочани кон Зрновци. Договорот е потпишан со изведувачот и очекуваме да се пристапи кон осветлување и на оваа клучка, рече Стојановски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот