Министерот Манчевски се сретна со тимот „Space Walkers“ по големиот успех во Либан
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска се сретна со членовите на тимот „Space Walkers“, по големиот успех и освоеното второ место на првиот меѓународен First Lego League настан, што се одржа во Либан. Станува збор за натпревар во едукативна роботика, што се одржува во повеќе од 98 земји, а оваа година учествуваат 40.000 тимови.
Манчевски, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, го поздрави нивниот успех, и како што истакна, тој да се биде втор во толку голема конкуренција значи многу и за нив, но и за државата што поради „Space Walkers“ е на мапата на најуспешни држави во областа на роботиката за деца. На средбата присуствуваа и претставниците од СТЕМ академијата во Скопје, кои се ментори на овој тим.
– Децата го претставија својот проект и ги раскажаа импресиите од нивната посета на Либан и учеството на натпреварот. Tимот го сочинуваат Јован, Марко, Симон, Иван, Габриел, Лука, Стефан, Мина, Матеј, Лео, Давид и се ученици од петто до деветто одделение во неколку основни училишта во Скопје, посочија од Министерството.
Како што рече министерот Манчевски, Владата и МИОА, се на располагање за секој вид на поддршка, за учество и на други натпревари и нижење на уште поголеми успеси.
– Иднината на нашата земја се најмладите, а преку иновативни проекти од овој тип се развиваат младите умови и се поттикнува нивната креативност. Наша обврска и должност како држава е да им бидеме партнер и помош во тој процес, рече министерот Манчевски.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o