Македонија
10. March 2017 - 17:30

Министерот Лутфиу се сретна со Едисон Франгу

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу се сретна со претседателот на невладината организација IG Alpbach Albania Едисон Франгу. 

Како што соопшти Министерството за образование и наука, Франгу го информирал министерот Лутфиу за натамошните проекти на клубот и го поканил да се вклучи во активностите кои ќе бидат организирани во Тирана. 

Франгу му се заблагодарил на министерот Лутфиу за придонесот во невладиниот сектор, а особено за придонесот и поддршката во клубот Alpbach во Албанија, истакнувајќи дека таквиот модел треба да се следи од страна на сите клубови на  Alpbach мрежата. 

На средбата Франгу на Лутфиу му доделил плакета - почесен сертификат за придонес и поддршка на клубот.