Министерот Лутфиу на првиот меѓународен симпозиум за имплантација

Најмалку што можеме да направиме за научниците, организациите, невладините здруженија е создавање услови и поддршка на научните симпозиуми за да им се даде барем малку можност на професионалците, лекарите во нивната пракса да ги научат иновативните и напредни методи што се практикувват низ светот за да се пренесат во нашата држава, за секогаш да се биде што повеќе во услуга на граѓаните.
Ова го истакна министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу кој денеска учествуваше на првиот меѓународен симпозиум „Strategies for Predictable Implant Therapy” што го организира Здружението на имплантолозите Албанци од Македонија.
Во обраќањето, Лутфиу нагласи дека мора да се надминат сите тешкотии во име на човечкиот живот.
- Во еден свет каде изворите за медицински истражувања се ограничени се повеќе и повеќе, лекарите и научниците од мојата држава имаат потреба од можностите кои ги нудат токму ваквите здруженија како што е Здружението на имплантолозите Албанци од Македонија, посочи министерот.
Здружението на имплантолозите Албанци е дел од Албанското стоматолошко здружение, а симпозиумот го организира во соработка со British Academy of Implant and Restorative Dentistry.
Лутфиу изрази надеж дека овој настан нема да биде последен, туку дека ќе прерасне во традиција.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
