Македонија
26. October 2016 - 14:45

Министерот Лутфиу го посети ОУ „Наим Фрашери“ каде се гради спортска сала

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска го посети ОУ „Наим Фрашери“ во Студеничани за да се запознае со текот на  градежните работи на спортската сала во склоп на училиштето. 

Како што соопшти МОН, салата се гради на површина од 1300 квадратни метри и ќе има модерни трибини. Изградбата, која изнесува над 40 милиони денари, се очекува да заврши до крајот на следната година. 

- Целта на изградбата на овие спортски објекти е да се подигне свеста кај учениците и младите дека само преку спортските активности можат ги усовршат вештините на спортот,  истакнал Лутфиу.

Тој потсетил и на две други инвестиции -  инсталираното централно греење во подрачното училиште „Наим Фрашери“ во село Моране и  изградената спортска сала во ОУ „Алија Авдовиќ“ во село Батинци.