Министерот Кучи се сретна со амбасадорката Лоранс Оер

Министерот за економија Дритон Кучи, денеска во проштална средба ја прими Лоранс Оер, амбасадор на Француската Република во Република Македонија.
На средбата, соопшти денеска Министерството за економија, Кучи и Оер ја оцениле економската соработка меѓу Македонија и Франција многу успешна, со голем потенцијал за нивно продлабочување во сферата на нови инвестиции од француски компании, нивен ангажман во изградба на енергетски капацитети,како и зголемување на бројот на туристи од Франција во нашата земја.
Министерот Дритон Кучи се заблагодарил за поддршката што Република Франција ја дава на Република Македонија, посебно на Министерството за економија, како и за личниот ангажман на амбасадорката Оер, за подготовките околу парискиот самит.
- Македонија е дел од Европа, но и во иднина ќе ни е потребна поддршката на Франција за зачленување во ЕУ и НАТО, изјавил министерот Кучи.
Амбасадорката Оер го информирала министерот Кучи за зголемениот интерес на големи државни фирми од Франција да се приклучат во изградба на капацитети во Македонија, како што се железничката пруга кон Бугарија, инвестирање во слободната економска зона во Тетово, како и во изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија.
Оер изразила уверување дека Франција ќе остане посветена на продлабочување на економската соработка.
Ново на Сител
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
-

СДСМ обвинува: Савески предложи обвинителка од „Тевтерчето“ на Мијалков
-

ВМРО-ДПМНЕ: ПР стратезите на Филипче му смислиле празен концепт за програма
-

Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
