Македонија
22. March 2016 - 8:24

Министерот Изаири во посета на општина Бовиње

Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска ќе ја посети општина Боговиње. 

Изаири и градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, на средбата ќе потпишат договори за финансирање на проектите за Реконструкција на водна кула - резервоар од системот за водоснабдување во селото Горно Седларце и за доизградба на канализационен систем во селото Пирок.