Министерот Хасан во посета на фабриката „Либерти Скопје“
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции Елвин Хасан беше во работна посета на фабриката „Либерти Скопје“, која е дел од британската компанија „Либерти Хаус Груп”, која се занимава со трговија со црни и обоени материјали, рециклирање на метали, производство на челик и алуминиум и инженерски производи и услуги. „Либерти Хаус Груп” пред одреден период ја презеде валалницата од „Акселор Митал“ во Скопје и неколку други европски земји.
При престојот, министерот Хасан го посети и производствениот погон каде што увиде кои се капацитетите на фабриката, како тече секојдневната работа и какви машини се користат во процесот.
Извршниот директорот на „Либерти Скопје“, Волфганг Марингер го запозна министерот со историјата и почетоците на компанијата, која кај нас почна со работа уште во 2005 година и има околу 470 вработени. Компанијата исто така соработува со над 300 домашни компании.
Марингер на министерот му ги презентираше и моментните услови за работа, плановите и цели за иднина, кои вклучуваат зголемување на капацитетите и стремењето кон градење на безбедна работна средина во која вработените се заштитени, бидејќи еден од примарните вели на компанијата е здравјето и безбедноста на работниците.
Министерот Хасан ја искористи оваа прилика да ги презентира новите измени на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои се произлезени од потребите изразени од компаниите и со цел да се охрабрат инвеститорите за нови инвестирања во земјава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот