Министерот Елвин Хасан во посета на Штип и Кочани
Министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан беше во работна посета на Штип, каде што посети две текстилни компании кои имаат добиено финансиска помош согласно Законот за финансиска поддршка.
Како што соопшти неговиот Кабинет, Хасан ги посетил компаниите „Линеа“, која освен што е застапена на домашниот пазар, извезува и на Балканот, и „Албатрос“, која главно произведува кошули и извезува во Германија, Холандија и Швајцарија, а има и продавница во Скопје.
– Компаниите постојат од 90-тите години на минатиот век, а денес работат по европски модерни стандарди и произведуваат исклучително квалитетни текстилни производи, се наведува во соопштението.
Покрај, двете штипски компании, министерот Хасан ја посети и текстилната компанија „Мај Фешн“ од Кочани, која исто така добила финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка.
Министерот на средбите им ги презентирал најновите измени на Законот за финансиска поддршка и новите можностите кои се отвораат со нив, а се разговарало и за проблемите со кои се соочуваат компаниите и кои се чекорите што треба да се преземат за нивно трајно решавање.
Во рамки на посетата на Штип, Хасан остварил средба и со штипскиот градоначалник, Благој Бочварски, при што било разговарано за можностите за инвестирање во градот и пред се во ТИРЗ зоната.
Како предност на средбата бил посочен автопатот Миладиновци – Штип, кој го поврзува градот со Скопје, што може да се смета за привлечно за инвестирање во штипската општина.
Ново на Сител
-

Судиите не се согласуваат нивните плати да останат замрзнати
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Блискиот Исток на раб на целосна војна
-

Конфликтот на Блискиот Исток – Можна закана за енергетска криза
-

Еврејската заедница на иста линија со претседателката: Потребен е посебен полициски надзор за објектите на еврејската заедница
-

26.046 денари е новата минимална плата, Трендафилов ја напушти седницата на ЕСС и најави протести
-

Во среда ќе се избираат заменици министри во одбрана и образование
-

Утре ќе се прави уште една ексхумација на жена, поради сомнеж дека е жртва на серискиот убиец од кумановско
