Министерот Чавков на состанок со министрите за правда и внатрешни работи на ЕУ

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков учествуваше на Неформалниот состанок на министри за правда и внатрешни работи на Европската унија, што се одржа во европскиот конвенциски центар во Луксембург.
Чавков учествуваше на работните сесии посветени на борбата против тероризмот, со посебен осврт на комјутерските напади како еден од облиците на тероризам, како и на работната сесија посветена на остварување на правата на барателите на азил од Блискиот Исток кои бегајќи од своите држави во кои се водат војни или други насилни судири пристинуваат во Европската унија.
На маргините на Неформалниот состанок министерот Чавков одржал билатерални средби со колегите од Унгарија Шандор Пинтер, од Австрија Јохана Микл-Линтер, од Србија Небојша Стефановиќ, како и со германскиот министер за внатрешни работи.
На средбите, како што информира МВР, Чавков предложил конкретни решенија за зајакнување и продлабочување на соработката на државите засегнати со зголемен прилив на илегални мигранти кои транзитираат низ т.н. балканска рута со цел нивно пристигнување во државите членки на ЕУ.
Во насока на креирање на сеопфатен регионален одговор на феноменот на илегалната миграција, министерот Чавков предложил искористување на постојните меѓународни инструменти за соработка, а особено на Конвенцијата за полициска соработка на земјите од Југоисточна Европа која претставува правна основа за зајакната размена на информации, спроведување на заеднички патроли на граничните линии, заедничко користење на техничка опрема и средства, заеднички истражни тимови.
Со оглед на потребата од дефинирање на итни мерки за зајакната соработка на државите во регионот, од страна на министерот Чавков биле предложени конкретни мерки за креирање рамка за соработка со цел ефикасно справување со овој заеднички предизвик. Предложените решенија во наредниот период ќе се операционализираат од соодветните служби на засегнатите држави.
На состанокот министрите за внатрешни работи се согласиле со потребата од зајакната соработка на службите, но и од конкретни итни мерки на заедничко дејствување против илегалната миграција.
На билатералните средби Чавков ги запознал своите колеги од Европската унија и од регионот со мерките што Република Македонија ги превзема во борбата против илегалната миграција. - Беа истакнати значајните резултати кои Македонија ги реализира во откривањето на криминалните групи кои се занимаваат со криумчарење на мигранти, како и максимиалните напори кои се превземаат во ангажирање на човечкиот потенцијал и опремата со цел ефикасно обезбедување на границата кон Грција и Србија, се посочува во соопштението.
Министерот Чавков искажал подготвеност за партнерско дејствување и заедничко справување со оваа појава, заедно со земјите од регионот, со другите држави на ЕУ, како и со соодветните агенции на Унијата.
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
