Министерот Адеми на 10. меѓународен научен собир

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска присуствуваше на 10. меѓународен научен собир, организиран од Институтот Alb-shkenca.
На овој собир, своите идеи и научни достигнувања ги споделуваат албанските научници од државата и регионот. Учествуваат 300 научници, од кои 50 се од Македонија.
Адеми потенцира дека Министерството за образование и наука ја поддржува научно - истражувачката дејност, преку доделување финансиски средства на авторите на научни трудови. И тоа преку „научни субвенции“ и „творечки субвенции“ во висина од 30.000 денари, кои се доделуваат за трудови на автори од Република Македонија, објавени во меѓународни списанија со фактор на влијание.
- На високообразовните установи и на научните институти инсталирани се лаборатории опремени со најсофистицирана опрема, во кои научниците можат да истражуваат и да дојдат до нови откритија. Република Македонија од 1 јули 2014 година е потписник на Договор за учество во Програмата на Унијата „Хоризонт 2020“ – Рамковна програма за истражување и иновации (2014-2020), со што се отвора уште една огромна можност за развој на научно-истражувачката дејност во нашата држава. Министерството за образование и наука води и Регистар за запишување на субјекти кои вршат научно- истражувачка дејност, рече Адеми.
Тој ја издвои финансиската поддршка или доделување на стипендии за студентите кои ќе успеат да се запишат на некој од 100-те најдобри универзитети во светот.
- За студентите кои ќе се запишат на овие универзитети, на сите циклуси на студии, МОН обезбедува стипендии според реалните трошоци, каде се вклучуваат трошоците за упис и пријавување на испити, месечните трошоци за сместување и авионски билет, двапати годишно од државата каде студираат и обратно. Корисници на стипендијата можат да станат и наставниците од основните и средните училишта кои ќе успеат да се запишат на некој од 200-те најдобри универзитети во светот, истакна Адеми.
Ново на Сител
-

Трамп ја опиша атмосферата од средбата со Шји и Путин како одлична
-

Пуштени во продажба влезниците за натпреварот на македонските кошаркари против Кипар во Скопје
-

Сараевски медиуми: Поднесено е обвинение против премиерот, министерот за полиција на ФБиХ и други поради примање мито
-

Мицотакис: Грција ги доби сите средства што ѝ следуваа од европскиот Фонд за закрепнување, вкупно 35,95 милијарди евра
-

Генералниот секретар на НАТО утре ќе ја посети Полска, на местото каде што денеска паднаа две руски ракети и дрон
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
