Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска го честита Меѓународниот ден на студентите, 17 Ноември, потенцирајќи дека за актуелната Влада, поддршката на нивното образование и воопшто унапредувањето на студентскиот стандард се високо дефиниран приоритет.
-Покажавме дека сме фокусирани на студентите во изминатите 4 месеци, а јас уверувам дека така ќе остане и во следните 4 години. Интензивна е комуникацијата со студентските организации. Министерството за образование и наука им е партнерска страна и заедно ги надминуваме предизвиците кои ги засегаат. Тие учествуваат во креирањето на промените во високообразовниот систем, што мора да се случат, објави Јаневска на својата Фејсбук страница.
Таа напоменува дека откако е министерка во овој ресор, прифатиле неколку барања на студентите со кои тие добиваат повеќе права и можности.
-Овозможивме и бруцошите да аплицираат за субвенциониран студентски оброк во септември и да го користат од 1 октомври. Ги олеснивме критериумите за аплицирање за стипендиите наменети за студенти запишани на студиски програми за наставен кадар, затоа што во минатото имало одредби поради кои овие стипендии останувале неискористени. Овозможивме студенти со завршени тригодишни додипломски студии да аплицираат за стипендии за втор циклус на студии во државата. Порано не беше така. Започнавме темелна реконструкција на државните студентски домови, во два активностите се интензивираат, наведува министерката во објавата.
Додава дека од поважните цели на кои ќе се работи во иднина е иницијативата за модернизација на студиските програми, а ќе се разгледува и можноста за воведување на интердисциплинарни студии на факултетите во Македонија.
-Мора да го забрзаме процесот на дигитализација на високото образование и воведувањето на електронскиот индекс како опција на сите факултети. Од Владата, следуваат ваучери за набавка на таблет уреди. Ќе усвоиме нов Закон за студентски стандард, нов Закон за високото образование, а со измени на дел од одредбите во Законот за субвенциониран студентски оброк ќе го зголемиме дневниот износ, но и ќе овозможиме правилно искористување на овие средства за намената за која и треба да бидат искористени, посочува Јаневска.
Порачува дека во младите е иднината и оти ним ќе им се обезбедат подобри услови за образование и работа во својата земја.
-Животниот стандард ќе напредува. Но и ќе побараме да возвратат. Со посветеност кон остварување на личните цели и амбиции, ќе помогнат и во развојот на Македонија. Честит нека е Меѓународниот ден на студентите, напиша Јаневска во објавата на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.