Министерката Мизрахи оствари средба со СОС Детско село и ЗМП
Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, оствари работна средба со претставниците на Здржението на млади правници и СОС детско село за продолжување на соработката на проектот „Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела“.
Како што соопшти МТССП, од особено значење е соработката со НВО секторот во процесот на давање соодветна заштита заштита на правата и интересите на жртвите на насилство
На средбата министерката Мизрахи, како што се наведува, ја потврди соработката на проектот во кој е планирана стручна и правна помош на жртвите на насилство и ќе ги извести Центрите за социјална работа за соработката и давањето на техничката поддршка и помош на организациите и промотивните материјали ќе бидат поставени на достапни места во Центрите за социјална работа.
Ново на Сител
-
Кривична против кумановка која го терала своето дете да питачи
-
Малолетен пешак прегазен во Скопје
-
Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег
-
Турската полиција приведе 97 студенти кои протестираа против исламски проповедник
-
Папата Лав Четиринаесетти е подготвен да посредува меѓу завојуваните земји во светот
-
АА: Со напуштање на Владата покажавме колку малку сме корумпирани
-
Нов протест за Фросина денеска во 17 часот пред Универзална сала
-
ЕУ го одобри 17-тиот пакет санкции против Русија