Минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 515 евра до 2026 година, најави албанската министерка за економија

Од 2026 година, минималната плата во Албанија ќе се зголеми на 50.000 албански леки (515 евра), а среднорочната цел на земјата е просечната плата да достигне 1.000 евра во следните четири години, изјави министерката за економија и иновации на Албанија, Делина Ибрахимај.
Зборувајќи на конференцијата „Стабилност и развој преку економија и иновации“ во Тирана вчера, Ибрахимај го објави планираното зголемување на минималната плата во Албанија, нарекувајќи ја „мерка насочена кон зајакнување на економската благосостојба на албанските граѓани“.
Ибрахимај, исто така, нагласи дека даноците нема да се зголемат во првите 18 месеци од зголемувањето на минималната плата, со цел граѓаните и бизнисите во земјата да работат во „постабилна финансиска клима“.
Според податоците на Евростат, моменталната минимална плата во Албанија е 40.000 албански леки (412 евра).
МИА
Ново на Сител
-

37-годишен скопјанец приведен за измама од над 7.000 евра
-

Водата во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Ангелов
-

УХМР со предупредување за можно невреме во голем дел од земјата
-

СЗО: Повеќе од четири напади дневно врз здравствени установи во конфликтни зони во 2026 година
-

Следува период потопло време, со максимални 39 степени
-

Годишните приходи на ОпенАИ би можеле да надминат 40 милијарди долари
-

Николоски: Историски раст на авиосообраќајот, на аеродромите повеќе од два милиони патници во првите шест месеци
-

Туристите и жителите сè уште не можат да се вратат во Сивири
