Минеко лидер во ископување олово-цинкова руда во регинот
Со инвестиции во висина од 55 милиони американски долари во шест рударски проекти во период од десет годни и над 1.400 вработени Минеко Групацијата претставува регионален лидер во ископување на олово-цинкова руда и голем инвеститор на полето на рударството и енергетиката во Западен Балкан.
Како што соопшти Минеко, групацијата во регионот е присутна од 2003 година и со преземање и ревитализација на рудниците „Рудник“ и „Велики Мајдан“ во Србија и „Сасе“ во Босна и Херцеговина се покажува како успешен реформатор од пропаднати во профитабилни рудници.
Минеко ова лето ќе го отвори првиот нов рудник во Босна и Херцеговина во Олово, во близина на Сараево, а во 2017 година ќе започне со работа првиот нов рудник по 30 години во Србија во Босилеград. Групацијата во регионот моментално вработува околу 1.400 лица, а со новите рудници таа бројка ќе достигне 1.900 вработени.
Директор на македонската филијала на Групацијата Минеко Обоени Метали Дооел Александар Билбилов, нагласува дека инвестирање и овозможување на услови за постојан и непрекинат раст се основните принципи на работа и стратегијата на ниво на Групацијата.
- Компанијата цели кон остварување на зголемена продуктивност и модернизација на рударските методи, со цел да ги зголеми капацитетите. Ова е направено во согласност со глобалните трендови и ефективната имплементација на докажани модерни технологии. Овие инвестиции треба да креираат одржлив бизнис и се надеваме дека ќе ги подобрат социјалната, економската и благосостојбата на животната средина во заедниците каде работиме, потенцира Билбилов.
Канцеларијата на Минеко во Скопје, продолжи тој, континуирано ја следи ситуацијата во Македонија и бара нови проекти во кои што би вложила и доколку постои економска можност планираме сите свои ресурси да ги посветиме кон реализација на некој таков проект.
Минеко е меѓународна групација, чиј основни бизнис активности се трговија со обоени метали и рудни концентрати, инвестирање во рударски и геолошки истражувања, како и други бизнис области. Групацијата работи со инвестиции и развој на олово, цинкови и бакарни рудници во Југоисточна Европа, каде со своите партнери вработува над 2.000 лица и има глобален бизнис со годишен обрт меѓу 250 и 350 милиони американски долари.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место