Минатата недела регистрирани 72 случаи на Ковид-19
Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од почетокот на годинава, информираше за МИА директорката Инфективната клиника во Скопје Милена Стевановиќ. Во последните 24 часа на Клиниката прегледале 22 лица со грип.
На Инфективната клиника во Скопје ноќеска биле примени двајца пациенти со ковид, од кои едниот во тешка состојба, но со друга основна болест.
- Имаме вкупно четири пациенти на клиниката, рече Стевановиќ.
Директорот на Институот за јавно здравје Шабан Мемети за МИА информира дека вкупно 72 случаи на Ковид-19 се регистрирани од 25 до 31 декември. Најмногу од нив, 39 се во Скопје, 12 во Прилеп, 10 во Охрид.
Во Детската клиника „Козле“ дневно има до 200 деца во амбулантско-поликлиничкиот дел, што поминуваат низ консултативните амбуланти.
Доктор Мирјана Поповска, специјалист педијатар во оваа болница за МИА изјави дека во моментов има околу шеесетина хоспитализирани деца.
- Најчесто станува збор за инфекции на долните дишни патишта. Најранлива, најзасегната категорија се доенчињата до една година, појасни Поповска.
Таа додаде дека и во декември ги имале приближно истите бројки на пациенти.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа