Мина Блажев со одлична изведба одушеви во „Пинкови Ѕвездички“
Тринаесет годишната Мина Блажев од Скопје во талент шоуто „Пинкови Ѕвездички“ ја отпеа „Бегај бегај“ од Каролина Гочева и на сите им покажа како се пее на мајчин јазик.
-Многу се гордеам со тебе. Мислам дека нема потреба да го коментирам твоето пеење кое е беспрекорно. Ти си преубаво девојче. Јас обожавам кога пеете на македонски јазик, го обожавам македонскиот јазик и песните на македонски, имате некоја чудна енергија, рече Гоца Тржан.
Како што почнавме, така и завршивме. Ова беше толку свечено и величенствено. Многу си музикална, емотивна, ми се допадна, искоментира Јелена Томашевиќ, на што се надоврза Милан Станковиќ :
Вие од Македонија сте опасни пејачи. Секоја сезона некој растура во Пинкови ѕвездички. Уживав во твојата интерпретација.
Мина директно се пласираше во четвртиот круг во „Ѕвездичките на Пинк“, а настапот од третиот круг погледнете го во продолжение.
Ново на Сител
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: ДУИ креира тензии
-
Запленети 4 тона марихуана