-->
-->
Милутин и Ана се лути на Цеца - Еве ја причината!
-->
Причината зошто Ана Бекута и Милутин Мркоњиќ не се појавија на прославата на полнолетството на Анастасија е затоа што неколку месеци не биле во добри односи со Цеца, дознава српски Курир. пејачката и нејзиниот партнер биле лути на Цеца затоа што не сакала да се појави како специјална гостинка на концертот на Бекута во Сава центарот во октомври минатата година, иако тоа го ветила.
- Цеца и ветила дека заедно со неа ќе испеат неколку песни, како тоа што го направија Мира Шкориќ, Снежана Ѓуришиќ, Драгана Мирковиќ и други. Сепак, тоа беше јубилеј на Ана - 30 години од својата кариера. Неколку дена пред концертот, Цеца и кажала на пејачката дека нема да може да присуствува на концертот, но дека ќе дојде на забавата по концертот. Меѓутоа, пејачката не се појави ниту на забавата, а тоа премногу ги повреди Ана и Мрка, - изјавил пријател на Милутин.
По овој повод екипатана српски Курир ги контактирала Ана и Милутин кои тврделе дека се е воред меѓу нив и Цеца.
- Ние и понатаму сме добри со Цеца, а на прославата не присуствувавме затоа што имавме обврски таа вечер. Еве јас и Ана сега сме во Париз и таа исто така ја демантира оваа информација, - изјавил Мрка за српски Курир.
Од друга страна, Цеца не била достапна за коментар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
29 годишник од Тетово на социјалните мрежи објавувал слики од малолетничка со вулгарен текст
-
Прилеп ќе го прогласи петок, 4 октомври, за ден на жалост
-
Кривична пријава против поранешен градоначалник за злоупотреба на службена положба и овластување
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, куќен притвор за осомничениот
-
Одбележана 80-годишнината на Стопанска банка - темелот на домашната економија
-
Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера
-
Шолц: Никогаш не ги заборавајте негативните аспекти на обединувањето на Германија
-
ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците